Skip to main content

Во Крива Паланка се одржа “Априлијада 2026”

Настанот го организира локалната самоуправа на Крива Паланка и донесе вистинска радост, позитивна енергија, со маскираните лица на кловнови, пантомимичари, “спанковци”, весели инсекти, пролетни цвеќиња, вселенски креации,роботи,принцези…

-Денес Крива Паланка беше обоена во боите на пролетта, исполнета со креативни маски, детска смеа и радост.Нашите најмлади сограѓани заедно со своите родители и наставници ги покажаа својата фантазија и автентичност и го направија најслаткото и најзабавно дефиле.Сите беа подеднакво прекрасни, оригинални и единствени, а за најкреативните беа обезбедени награди, признанија и многу изненадувања.Награди и признанија добија учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, учениците од подрачните училишта, како и најмалите сограѓани од детската градинка „Детелинка“, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Оттаму додаваат дека насмевките на децата и нивната искрена, безгрижност и радост го направија градот пожив и потопол на сончевото пладне во градот под Осоговските Планини.

Настанот беше збогатен со музичка програма за најмладите, за која беше задолжен Ди Џеј Боно

Поврзани вести