Skip to main content

Штипските здравствени работници го одбележаа Светскиот ден на здравјето

Фото: МИА

 Вработените во Клиничка болница-Штип денеска го одбележа Светскиот ден на здравјето, 7 април. На свечената седница се прочита пораката од Светската здравствена организација (СЗО), а пред лекарите, медицинскиот и техничкиот персонал свое обраќање имаше директорот Владко Захариев. 

-Најнапред да ви го честитам денот на здравството, ден кој не посетува на благодарноста, хуманоста и одговорноста на нашата професија. Ова е ден кога со гордост се навраќаме на се што сме постигнале. Денешната свечена седница има посебна тежина, затоа што оддаваме почит на нашите колеги кои заминуваат во пензија. Вашиот труд, посветеност и пожртвуваност оставија длабока трага во нашата болница и во животите на многу пациенти. Вие бевте столб на системот, пример за професионалност и човечност. Во име на сите вработени ви изразувам искрена благодарност- рече Захариев. 

 На свеченета седница  беа врачени признанија и благодарници, а на вработените им беа доделени традиционалните јубилејни награди.