Skip to main content

Репрезентативецот Серафимов потпиша за Еурофарм Пелистер

 Македонскиот ракометен репрезентативец следните две години ќе биде играч на Еурофарм Пелистер.

– Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Со потписот на 26-годишниот Серафимов нашиот клуб добива квалитет и инвестиција која ќе остави трага во клубот и градот, објави битолскиот клуб.

Серафимов во Битола доаѓа од Алкалоид, а претходно го носеше дресот на Металург. 

Мартин Серафимов како нов ракометар на Еурофарм Пелистер ќе биде официјализиран во јули оваа година, пред стартот на летните подготовки

Поврзани вести