Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција со американскиот секретар за менаџмент и ресурси Ричард Верма, ијави дека ќе ја постават темата за стратешкиот дијалог со официјален Вашингтон.
Тоа не е нешто што веројатно ќе го реши дијалогот, ниту ќе ги реши сите проблеми и несогласувања, особено во однос на Косово и Метохија, но отвора значајни и големи можности за сите идни влади во Србија и за сите идни администрации во САД. За нив ние сме мала земја, но верувам дека тоа што првпат покажаа интерес за отворање стратешки дијалог со Србија укажува дека некои односи меѓу нас се сменија на подобро, нагласи српскиот претседател.