Skip to main content

Документ открива дека новиот лидер на Иран, Хамени е во кома, пишуваТајмс

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е неспособен да ја извршува функцијата и е на лекување во светиот град Ком, според проценка на разузнавањето во која се вели дека тој е неспособен да ја води земјата.

Дипломатскиот меморандум, за кој се вели дека е базиран на американски и израелски разузнавачки информации и доставен до сојузниците од Заливот, наведува дека Хамнеи, син на убиениот долгогодишен лидер Али Хамнеи, е во несвест и прима лекување за сериозна медицинска состојба, објавува „Тајмс“.

Мемондумот, до кој дошол „Тајмс“, за прв пат ја открива локацијата на новиот врховен лидер. Градот Ком, кој се наоѓа 140 километри јужно од Техеран, се смета за свет во шиитскиот ислам.

„Моџтаба Хамнеи е на лекување во Ком. Тој е во сериозна состојба и не е во можност да донесува одлуки на режимот, се вели во документот.

Поврзани вести