Skip to main content

Мицкоски: Ова е Влада која не бега од одговорност, ова е Влада која стои рамо до рамо со својот народ

Денес не се обраќам само како претседател на Владата, туку како човек кој длабоко ја разбира загриженоста што секој од вас ја чувствува во овие неизвесни времиња, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.

Светот повторно се соочува со сериозна криза. Ние како држава не можеме да бидеме изолирани од тие процеси. Ние сме дел од светот, дел од европскиот економски систем, и секоја глобална промена директно се одразува врз животот на нашите граѓани.

Но, она што нè разликува е начинот на кој реагираме.

На денешната вонредна седница Владата донесе неколку клучни мерки за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните: продолжување на намалената стапка на ДДВ за горивата од 18% на 10% до крајот на кризата, намалување на акцизата за дизел за 4 денари по литар и за бензините 95 и 98 за 2 денари по литар, како и договор со „ОКТА“ за продолжување на дополнителен попуст (3 денари за дизел и 2 денари за бензините), со што практично се амортизира очекуваниот раст на цените и се задржува или намалува нивото на цените за граѓаните.

Имаме план и би сакал да ги уверам граѓаните дека нема потреба во овој момент од загриженост, користиме најниска цена на горивата во регионот, па и во Европа.

Затоа што ова е Влада која не бега од одговорност. Ова е Влада која стои рамо до рамо со својот народ.

Поврзани вести