Skip to main content

Честоева: Активностите на Скопското кале се одвиваат согласно планираната динамика и се наоѓаат во завршна фаза на реализација

Денес заедно со тимот од Управа за заштита на културното наследство и директорката на Национален археолошки музеј извршив увид во активностите поврзани со поправка, санација, адаптација и тековно одржување на музејските објекти на локалитетот Скопско Кале поточно на Праисторискиот Музеј каде ми беше презентирано дека се одвиваат согласно планираната динамика и се наоѓаат во завршна фаза на реализација.

Во изминатиот период се реализираа повеќе интервенции насочени кон подобрување на функционалноста и условите во Музејот.

Преку спроведените активности се обезбедуваат соодветни услови за заштита, чување и презентација на музејските експонати.

Процесот на санација и адаптација придонесува за унапредување на инфраструктурата, како и за подобрување на безбедносните и техничките стандарди, што е од клучно значење за нормално функционирање на музејската дејност. Воедно, тековното одржување се спроведува континуирано, со цел долгорочно зачувување на објектите и нивна одржлива употреба.

Се очекува во наредниот период активностите целосно да завршат, по што музејските содржини ќе бидат целосно подготвени за прием на посетители и понатамошна културна презентација.

Поврзани вести