Skip to main content

ОАЕ известуваат за нов ирански напад со ракети и дронови

Обединетите Арапски Емирати објавија за нов напад со ракети и дронови, кој Иран соопшти дека е насочен кон алуминиумската индустрија во земјата од Персискиот Залив.

Системите за воздушна одбрана на ОАЕ се активирани како одговор на заканата од ракети и беспилотни летала“, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ, додавајќи дека „звуците што се слушаат во земјата се резултат на тековните операции за пресретнување и неутрализација“.

Иранската војска соопшти дека нападнала објекти на алуминиумската индустрија во Обединетите Арапски Емирати, како и американски воени цели, вклучително и во Кувајт, како одговор на американко-израелските удари врз ирански индустриски објекти.

Поврзани вести