
Пет лица се повредени во ракетни ирански напади врз Тел Авив и централен Израел, а експлозии одекнале и во Ерусалим.
Ракетите испукани од Иран предизвикале материјална штета, а има и повредени, соопшти „Маген Давид Адом“, израелски еквивалент на Црвениот крст.
Најмалку шест експлозии се слушнале и во Ерусалим.
Најмалку 19 лица се загинати во Израел во иранските гранатирања од почнувањето на војната на 28 февруари со израелско-американските напади врз Иран.
Во операциите, пак, што ги почна војската на Израел против проиранската група Хезболах во јужен Либа досега официјално се загиати 10 израелски војници.

Македонски


