
Наследство или се’ што оставаме позади нас
промоција на книга и видео есеј на уметницата Ивана Сиџимовска
КРИК – Фестивал за критичка култура 2026,
ГРИЖА Начини да се биде заедно
04 април (сабота) | 19.30 часот
Книгата и видео есејот „Наследство (или сè што оставаме позади нас)“ на уметницата Ивана Сиџимовска е проект што отвора прашања за тоа што оставаме зад себе и како се однесуваме кон тоа наследство денес.
Видео есејот преку лични приказни, архиви и историски контексти ги истражува темите на етнонационализам, меморија, правда и идентитет, поврзувајќи ги со современи искуства, вклучително и конфликтот од 2001 година во Македонија.
Книгата е збир на интервјуа од проект за усна историја, кои ги документираат искуствата и сеќавањата на луѓе од различни заедници во Македонија.
Истражувањето за проектот е поддржано од програмата Goethe-Institut – Culture Moves Europe, финансирана од Европската Унија, додека продукцијата на публикацијата и видео есејот е реализирана со поддршка од ПроПис Скопје.

Македонски


