Skip to main content

Јаневска: Институт кој издавал дипломи за високо образование работел во кладилница на две столчиња и два душеци

Министерката за образование и наука Весна Јаневска проговори за сериозни неправилности во работењето на некои од високообразовните институти, посочувајќи дека еден од нив бил регистриран во простории на кладилница.

Комисијата на МОН кога направи проверки во еден институт, беше регистриран во кладилница, задниот дел, а своите функции требаше да ги врши на две столчиња и два душеци. Има полесни примери, а ова е најбруталниот. Под називот приватен институт се обавуваат други функции, како примерот со кладилницата. Оттука, не се критериумите нешто што министерот или работната група ги измислиле, рече министерката.

Поврзани вести