Skip to main content

WITHOUT COMMERCIAL VALUE- сеќавање на Мето Ангелов (1977–2025) вечерва во КСП Центар Јадро

WITHOUT COMMERCIAL VALUE
сеќавање на Мето Ангелов (1977–2025)

Куратор: Ана Франговска
Обраќање: Владимир Јанчевски, Ѓорѓе Јовановиќ и Ана Франговска

Настанот „Without Commercial Value“ претставува сеќавање посветено на уметникот Мето Ангелов, чија работа остави специфичен и препознатлив траг во современата визуелна култура кај нас. Ова не е изложба на дела, туку изложба на нивното отсуство. Наместо објекти, присутни се нивните записи: видео, документација, дигитални траги како своевидна отворена архива. Во таа форма, практиката на Мето Ангелов се појавува како нешто што не може целосно да се фиксира – туку само да се повика, прелиста и повторно проживее. Настанот ќе отвори простор за повторно читање на неговата практика – истовремено интимна, експериментална и критички насочена.
Ангелов работеше на пресекот меѓу уметноста, секојдневието и апсурдот, користејќи едноставни материјали и ситуации за да создаде дела што функционираат како суптилни интервенции во реалноста. Неговите проекти, како „Ако не би било“, „Toasted bread“, „After party“ и други, остануваат како сведоштво за една практика што не тежнее кон спектакл, туку кон прецизно и често хумористично преиспитување на вредностите.
Овој настан не е класична изложба, туку отворен формат на сеќавање – простор за гледање, разговор и заедничко присуство околу едно битисување и делување во едно време што сè уште одекнува.

Поврзани вести