Skip to main content

Пекарите и Владата се договорија за цената на лебот

Фрипик

Цените на лебот и пецивата во 99% од државата остануваат стабилни и нема да се покачуваат во наредниот период. Ова е главниот заклучок од денешниот итен работен состанок во Министерството за економија, каде заменик-министерот Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, седнаа на маса со претставниците на трите најголеми стопански комори.

Како општествено одговорна индустрија, мелничарите одлучија да го заштитат стандардот на граѓаните и да не ги менуваат ценовниците барем до крајот на овој месец.

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола. Нашата одлука е цените да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што континуирано ќе ги следиме и анализираме сите параметри на пазарот“, нагласуваат од коморите.

Поврзани вести