
Дали НАТО е мртов по ваквите пораки од најголемата светска и воена сила? За дел од експертите, околностите кои ќе ги детерминираат идните одлуки околу хомогеноста на НАТО стануваат се покомплицирани бидејќи постои се поголема дискрапанца во однос на надворешната и геополитичката стратегија на ЕУ и САД.
Според, политикологот и воено-безбедносен аналитичар, Милан Стефановски, администрацијата на Трамп и стратегијата на САД не се поклопуваат со стратешките погледи на ЕУ во смисла на светскиот, економскиот и енергетскиот поредок. Како што вели, оттаму е и стравот дека внатре во НАТО ќе се јавуваат пукнатини.
-Еклатантен пример е актуелниот конфликт помеѓу САД, Израел и Иран. Без разлика дали САД ќе ја ревидираат активната улога во НАТО во смисла на финансирање и одлуки, НАТО не е проектиран да биде мртов, туку напротив, НАТО мора да има еластичен систем на носење на одлуки, дури и ако САД одлучат да дејствуваат поинаку. Светот се менува со светлосна брзина, системот на НАТО ќе мора да ги следи тие промени и да се прилагоди на новиот светски безбедносен поредок, вели Стефановски за „Локално“.

Македонски


