
Ова е книгата „НАТО пред новите предизвици и перспективите на Република Македонија“ која Андреј Жерновски сигурно не ја прочитал. Автор е Нано Ружин кој со Жерновски едно време беа партиски другари чинам бидејќи Андреј има сменето неколку партии. Жерновски е новото лице на СДСМ кој сега ќе биде врската со светот. Е оваа, врската со светот на СДСМ не знае што значи НАТО. Атакинг атакинг викаше. Прво Андреј треба да знае дека НАТО по својот статут е дефанзивна организација и во никој случај не може во името да има збор кој означува напад, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Ама од кај да знае. Андреј бил само градоначалник на Центар за кого неговиот некогашен партиски другар Шиповиќ јавно изјави дека ги заглавувале лифтовите за да не можат постари гласачи во зградите да слезат по скали и да гласаат. Или лак кога две години изиграваше амбасадор во Романија без никој да го избере. А да беше и координатор за изградба на болницата во Штип. Само што никој не може да ја види болницата.
Венко Филипче гарант работи за ВМРО
Нема друго логично објаснување за ова што го прави. Прво со изборот на кадри во новиот извршен или централен одбор, како и да им се вика а после и со проектите што ги понуди. Во стилот на приказните од 1001 ноќ, Венко си замислува што ќе прави ако некогаш дојде на власт. Мислел мислел и му текнало, ќе се работи четири дена во неделата, не пет или шест. Ова е прав проект на СДСМ, тие се познати по неработа, важно е да се има време за кафе шема, за кафани на Боемска, за некоја прашката материја. Бегаат од работа што се вика како ѓавол од крст. Во СДСМ страдале од преработеност, или по модерно од брн аут. Господе боже те има ли, дај им памет ако веќе не е доцна.

Кој нормален може да поддржи проект да се работи помалку наместо повеќе, освен оние џаболебари од јавната администрација чија единствена работа е е да дојдат на работа. Некои ни тоа не го прават а земаат плата. Е од овие Филипче чека гласови.
Сте ги виделе гужвите на граница. Реки народ се враќаат на Табановце и на скопскиот аеродром откако слушнаа дека Филипче ќе дава по 10.000 евра за секој од дијаспората што ќе реши да се врати во Македонија. Абе ви викам јас дека супер е да си во опозиција, си зборуваше што сакаш, ветуваш што ќе ти текне. Убавина.
Што мислат гласачите за Венко пожажа последната анкета . Мицкоски-Филипче 7-1, ВМРО-СДСМ 6-1. Кога сите лидери на партии ќе се соберат немаат рејтинг колку премиерот. Работава е погледнете семафор. И Венко бил спремен за избори.
Резултатите од соработката со естрадниот менаџер Зоран Башановиќ кој сега е ПР експерт на СДСМ веќе ги даваат резултатите. Филипче има помал рејтинг од партијата. Со јак експерт си фатиле работа.

Знаете ли кој е Зоран Башановиќ. Еден од најконтроверзните ликови во Србија и познат „муљатор“. Тој поранешен менаџер и дечко на фолк пејачката Драгана Мирковиќ. Откако таа го остави дојде во Македонија каде се врза со Зоран Заев на кој му беше советник за којзнае за што за 1500 евра месечно. Пријателството со Заев му беше и најголемата препорака да почне да им дели ПР совети на Филипче и СДСМ.Јака препорака, нема што.
Значи како не зближи ова договорот на Заев со Грција, свака част. Врв на дипломатијата.
Ги слушннавте овие извици на грчката војска. Еден народ една крв. Во ова сме заедно. Кипар е грчки, а исто и Македонија. Откако пред неколку месеци го затворија единственото училиште за изучување македонски јазик во Лерин, а пред неколку дена збеснаа што Меланија Трамп рече Македонија, сега и грчката војска ни покажа со кого си имаме работа. Назад ни се зимата со Грција. Сега Грците се мирни во ЕУ бидејќи нивната работа ја брка Бугарија. Ќе видите кога Комисијата со Грција за која сега никој не знае дали работи и што работи ќе треба да излезе со резултатите за употребата на трговските марки, географските ознаки, брендовите и комерцијалните имиња кои во себе го содржат терминот „Македонија“ или придавката македонски. Тогаш на дело ќе го видиме вистинското добрососедство од југ. На вистинска земја НАТО и го довери чувањето на македонското небо.

Македонски



