Skip to main content

Американската армија досега извршила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран

Freepik

Американската армија соопшти дека извршила напади врз повеќе од 12.300 цели во Иран, од почетокот на конфликтот што трае повеќе од еден месец.

Централна команда (CENTCOM) што ги надгледува американските сили во регионот, соопшти дека во нападите се „оштетени или уништени“ повеќе од 155 ирански пловни објекти.

„Силите на CENTCOM изведуваат напади за демонтирање на безбедносниот апарат на иранскиот режим, со приоритет на локации што претставуваат непосредна закана“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме Израелските одбранбени сили соопштија дека Израел досега извел повеќе од 800 напади врз Иран.

Нападите на Израел и САД врз Иран започнаа на 28 февруари, на што Техеран возврати со напади врз Израел и американските сојузници во Заливот.(МИА)

Поврзани вести