Skip to main content

Евролига го казни Хапоел Тел Авив со пет милиони евра

Facebook / EuroLeague

Кошаркарската Евролига одреди високи казни за израелскиот претставник Хапоел Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми. Вкупната казна за клубот е парична и изнесува пет милиони евра.

Првата казна е за изречена пред две недели за прекршувањето на правилото за финансискиот фер плеј. Втората казна е поради надминувањето на лимитот за платите на играчите, најверојатно како резултат на бројот на играчи во тимот.

Хапоел се наоѓа на трето место според платите со процена од 19,5 до 20 милиони евра.

Израелскиот клуб се надева дека ќе постигне договор со Евролигата и воедно намалување на казните.

Хапоел Тел Авив по 33. натпревари во Евролигата се наоѓа на петтото место на табелата со скор од 20-13 (победи-порази), а до крајот останува да го одигра дуелите со: Панатинаикос, Фенербахче, Олимпијакос, Макаби и Монако. 

Поврзани вести