
Неделата за подигнување на свесност за аутизмот ја започнавме денес со заедничка активност во Центарот за едукација каде се одржа инклузивна работилница со учениците од ОУРЦ „Др. Златан Сремец“ заедно со учениците од ООУ „Димитар Миладинов“, велат од Музеј на Македонија.
После разгледувањето на етнолошката поставка, се реализираше заедничката работилница со боење на боенки, сложување сложувалки и играње домино со етнолошки мотиви. Ваквите заеднички споделувања на активности се од особено значење, бидејќи поттикнуваат разбирање и прифаќање – вредности кои се темел за едно похумано општество.

Македонски



