
Во Индија серизоно се засилува кризата со снабдување со гориво, која оди подалеку од бензинските пумпи. Во земјата, погоните за производство на ѓубрива се затвораат поради недостиг на гас.
Индија е главен производител на храна за цела Азија и втор најголем производител на шеќер и ориз во светот, а недостигот од ѓубриво се заканува да погоди и земји од другиот крај на сетот.
Во Бразил, пак, кој е на прво место во светот по производство на шеќер и втор по производство на пченка, како и во САД (прво место по производство на пченка), дел од жетвата може да биде изгубена.
Ваквата ситуација може да предизвика глад во азиските и латиноамериканските земји по наглото зголемување на цените на основните производи, каде што огромен број луѓе живеат со 1-2 долари на ден.

Македонски



