Skip to main content

Промоцијата на зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста помеѓу субверзија и дисциплина во македонската култура“

Вечерва во 20:00 часот во КСП „Центар-Јадро“ повелете на промоцијата на зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста помеѓу субверзија и дисциплина во македонската култура“, во уредништво на Славчо Димитров и Мања Величковска, во издание на Коалиција МАРГИНИ.

Овој интердисциплинарен зборник истражува на кои начини родот и сексуалноста се појавуваат, се премолчуваат, но и се пробиваат во македонската култура — од народното творештво и етнографијата, преку книжевноста, до визуелните и изведувачките уметности, филмот и популарната култура.

Книгата обединува нови истражувачки текстови напишани специјално за ова издание, како и значајни студии кои повторно се враќаат во јавна и академска циркулација. За првпат се објавуваат трудови на Ана Мартиноска, Инес Црвенковска-Ристеска, Калина Малеска, Јованка Попова, Славица Србиновска и Душица Лазова.

Покрај овие нови текстови, зборникот вклучува и избор на претходно објавени студии и архивски материјали кои повторно се враќаат во академска и културна циркулација. Во овој дел се застапени трудови од Маја Бојаџиевска, Лени Фрчкоска, Ана Ашталковска Гајтаноска, Елизабета Баковска, Славчо Димитров и Биљана Тануровска-Ќулавковски, Сашо Александар Ламбевски, како и една архивска полемика приредена од Душица Димитровска Гајдоска.

Поврзани вести