Skip to main content
ПОЧНА СУДЕЊЕТО

Стојанче призна дека ја тепал Ивана, но не и дека ја навел да се самоубие

Стојанче Joвановски се изјасни за виновен за тоа дека ѝ нанел физички повреди на сега починатата сопруга Ивана, но не се чувствува виновен за наведување на самоубиство, но Судот констатира дека признанието на вина за двете кривични дела не е дадено доброволно и не ја прифати изјавата за признание на вина, пренесе „Плусинфо.мк.

Обвинителката Адела Бојчевиќ во воведниот збор го појасни обвинителниот акт што му се става на товар на Јовановски.

– На 2 март 2026 година, во временски период од 11 до 12.30 часот на повеќе локации во Скопје, со умисла, при вршење семејство насилство телесно ја повредил Ивана Јовановска. Откако се сретнале пред училиштето Нова ја удирал со шлаканици. Со него бил Мартин Саздов, па Стојанче ѝ се обратил со погрдни зборови и пак ја удирал. Сведокот се обидел да го оттргне, ама тој продолжил да ѝ удира шлаканици. Влегле во возилото на Саздов, се упатиле кон Кривичен, каде ѝ се обратил со зборовите: „Ќе те убијам“, па се свртел кон задното седиште, ја удирал со шлаканици и со тупаници, почнал да ја дави, по што Ивана се онесветила. Саздов застанал на Партизанска да види дали е жива, Стојанче рекол: „Остави ја, глуми, ништо не ѝ е. Гледај ќе ѝ го земам телефонот, ќе стане.“ Потоа продолжиле кон судот, каде пак ја тепал, ѝ направил три крвни подливи – реле Бојчевиќ објаснувајќи дека овие податоци се однесуваат на првото дело за кое се суди Јовановски, а тоа е Телесна повреда.

Извор: Plusinfo.mk

Поврзани вести