Skip to main content

Поради невреме некои патишта во Хрватска се затворени за сообраќај

Силното невреме не го погоди само Загреб, исто е и низ цела Хрватска, па затоа некои делови кон брегот се целосно затворени, објави Хрватскиот автоклуб.

На брегот дува силен ветер, а движењето на одредени групи возила, камиони и трактори со полуприколки е забрането на патиштата во Горски Котар и Лика.

Некои државни патишта се затворени за секаков сообраќај.

Поради честите сообраќајни несреќи, ХАК ги повикува возачите да ја прилагодат брзината и стилот на возење на временските услови, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата, да не тргнуваат на пат без зимска опрема или, доколку е можно, да го одложат патувањето додека не се смири временската состојба.