Skip to main content

Maкедонската фаланга ќе грми на стадионот во Копенхаген

 Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Паркен стадионот во Копенхаген играат бараж дуел со Данска за настап на Светското првенство 2026. Како и на сите гостувања така и на ова македонските фудбалери ќе ја имаат поддршката од македонските фанови, кои веќе се во главниот град на Данска.

За таа цел организиран е и фан зона за македонските навивачи, од каде заеднички сите ќе се упатат кон стадионот. Бројката на македонски навивачи се очекува да биде околу 1.000, кои се очекува да дадат голема поддршка за македонската репрезентација.

Македонските навивачи во Копенхаген ги има и од поголемиот дел од државите Европа, а за нив има два сектора од стадионот.

Поврзани вести