Skip to main content

Камионџија од Македонија усмртил пешак во Србија и избегал – го фатиле по 320 километри

Триесет и тригодишен стружанец е уапсен во Србија под сомнение дека вчера прегазил пешак во Лесковац, по што избегал, а пешакот починал, пренесуваат српските медиуми.

Несреќата, како што наведуваат дел од српските медиуми, се случила ноќеска на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица.
Според информациите, Н.К. управувал камион „волво“ кон Лесковац кога удрил во пешакот и му нанел повреди од кои човекот починал на самото место.

Возачот не застанал, туку побегнал од местото на несреќата. По реакција на полицијата, тој бил уапсен 320 километри подалеку, во близина на Сремска Митровица.