Четири лица пријавиле каснување од кучиња скитници во полициските станици во Скопје, во текот на вчерашниот ден.
Во Полициската станица Карпош, 58-годишниот З.И. од Скопје пријавил дека на булевар „Илинден“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во 18.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 62-годишната З.С. од Скопје пријавила дека на улицата „Лепенец“ во Скопје била касната од куче скитник.
Во 13.20 часот во Полициската станица Аеродром, 59-годишниот В.И. од Скопје пријавил дека на булеварот „АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во 15.40 часот во Полициската станица Гази Баба, 44-годишната А.К. од Скопје пријавила дека на улицата „Коце Металец“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник