Skip to main content

Блумберг: Иран ги прекина испораките на гас за Турција

Фото: Freepik

Иран ги прекина испораките на природен гас за Турција по нападите на Израел врз полето Јужен Парс, објави онлајн изданието Биргун, повикувајќи се на Блумберг. Турција покрива 14 проценти од своите потреби за природен гас преку испораки од Иран.

Сè уште не е јасно колку долго ќе биде прекинато снабдувањето со природен гас, но турските власти постојано изјавуваат дека земјата има доволно резерви. Според извори на Блумберг, Турција продолжува да увезува гас од своите главни добавувачи, Русија и Азербејџан.

Израел изврши напади врз полето Јужен Парс на 18 март. Техеран одговори со напад на извори на енергија во Персискиот Залив, вклучувајќи го и објектот Рас Лафан во Катар, кој произведува околу една петтина од светскиот течен гас.

Конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга страна доведе до значително зголемување на цените на енергијата. 

Поврзани вести