
На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција.
-Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Набргу, возилото е запрено, Б.Е. е лишен од слобода, а по пребарување на теренот биле пронајдени пет лица мигранти од Египет, информира МВР.
Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се пренесени Прифатно-транзитен центар Винојуг во Гевгелија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски



