
Едно разбојништво и два обиди за разбојништва во саботата во објекти на подрачје на Бит Пазар.
Од МВР информираа дека во сабота околу 21:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол се обидело да го одземе дневниот промет, но откако не успеало во намерата, физички го нападнало сопственикот на објектот З.В.(61).
Во 21:48 часот било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената, одзело пари од дневниот промет, а во 22:25 часот дека во казино на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената се обидело да го одземе прометот, но не успеало во намерата, по што се дало во бегство.
„СВР Скопје презема мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителот“, посочија од МВР.

Македонски


