
Меѓународно признание за македонски филм!, информираа од Агенција за филм.
Режисерот Вардан Тозија и продуцентката Ивана Шекуткоска, во продукција на Минимал колектив, освоија Cinélab Romania Award на 23-то издание на „Sofia Meetings“ за проектот “Балада за лонецот и капакот” (The Pot, The Lid and The Nurse).
Наградата вклучува пост-продукциски услуги во вредност од 15.000 евра и претставува значајна поддршка за понатамошниот развој на филмот.
Честитки за тимот и уште еден силен чекор за македонската кинематографија на меѓународната сцена!

Македонски


