
Повеќе од 1.500 луѓе загинале во Иран откако почна американско-израелската војна против земјата пред три недели, соопшти Иранската државна радио-телевизија, повикувајќи се на податоци од иранското Министерство за здравство.
Според телевизијата, повеќе од 200 од убиените во Иран се деца. Уште 21.000 луѓе се повредени. Околу 220 медицински центри се евакуирани, а 21 медицински работник загинал, наведува Иранската телевизија на „Икс“.
Бројките се објавени откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел и САД значително ќе ги интензивираат своите напади врз Иран во наредните денови.

Македонски


