Skip to main content

Вакво нешто нема ни во филмови за Брус Ли: Руски борач изведе спектакуларен зафат за победа

Рускиот борач, Божигит Исламгереев изведе спектакуларен боречки зафат на Европското првенство.

Исламгереев губеше три поени од својот противник, на само седум секунди пред крајот на натпреварот, со што неговите шанси за победа беа минимални, доколку не се случи некакво чудо.

Сепак, такво нешто се случи кога последниот заафат на рускиот борач ја одлучи борбата, покажувајќи се како победнички.

За овој спектакуларен потег наИсламгереев, судиите му доделија четири поени што беше доволно за победа.

Секоја чест.