Skip to main content

Joкиќ и Дончиќ ги носат Денвер и Лејкерси кон плејофот

Екипите на Лос Анџелес Лејкерс и Денвер на ноќешните натпревари остварија победи предводени од Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. „Езерџиите“ го совладаа Чикаго Булс со 142:130, а Дончиќ беше само на една асистенција од „трипл-дабл“. Дуелот го заврши со 51 поен, 10 скокови и 9 асистенции.

Одличен настап во дресот на Денвер имаше Никола Јокиќ, кој го предводеше својот тим до победа на гости против Сан Антонио со 136:131, иако неговиот тим беше во негатива од 20 поени. Јокиќ натпреварот го заврши со 31 поен, 20 скокови и 12 асистенции. Во редовите на Сан Антонио не настапи повредениот Виктор Вембањама.

На натпреварот меѓу Оклахома и Бостон, играчот на Оклахома Шеј Гилџес-Александер собори рекорд од 1963 поставен од легендата Вилт Чемберлен. Тој на 127 натпревари во серија постигнува најмалку 20 поени.

Резултати на ноќешните дуели: Детроит – Филаделфија 131:108, Индијана – Феникс 108:123, Орландо – Вашингтон 136:131, Атланта – Бруклин 108:97, Мајами – Милвоки 112:105, Мемфис – Далас 112:120, Сан Антонио 131:136, Оклахома – Бостон 104:102 и ЛА Лејекрс – Чикаго 142:130. 

Поврзани вести