
Сончевото и релативно топло време во изминатите денови го поттикна пролетното будење на овошките, со појава на цветови. Оваа фаза е особено изразена кај коскестите видови, кои вообичаено први се будат и тоа најмногу кај оние во јужните краишта и Повардарието, велат агрометеоролозите од УХМР.
Според нив, ова е период кога може да се засее пролетна сорта на јачменот, а тополото време е погодно и за останатите, вообичаени активности во поле.
Кајсијата во Свети Николе на некои места веќе се наоѓа во фаза на општо цветање. Таа е топлољубиво растение, рано цути, често може да страда од пролетни мразеви и затоа треба да се сади на погодни локации на издигнати положби со добра воздушна дренажа, со цел штетите од мраз да бидат помали. Кај некои од поледелските култури како што е пролетна сорта на јачменот, ова е период кога може да се засее, рано напролет, во почетокот на март. Тој ‘рти на 1 до 3°C. Отпорноста на ниски температури зависи од сортата. Слабозакалените растенија можат да измрзнат и на -10 до -12°C“, објаснуваат агрометеоролозите.
За време на викендот и до средината на следната недела, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време.
Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ваквите временски услови се добредојдени за изведување работи во поле, што ќе им овозможи на земјоделците да ја вршат и понатаму резидбата на виновата лоза и овошките – отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), како и да ги подготвуваат површините во пластеничкото производство и да ги прихрануваат есенските посеви. Времето е погодно и за подговотвка на почвата за сеидба на раните пролетни култури, за садење одредени раноградинарски култури, како и за други агротехнички мерки“, наведуваат агрометеоролозите од УХМР.

Македонски

