Skip to main content

Ѓубрето слободно се шета, ако дојде, ќе му пресудам: Мајката која го сними насилниот сопруг револитирана!

Мајката која лани го сними нејзиниот сопруг како го тепа нивното дете во скопската населба Драчево, повторно реагира, лута на институциите, бидејќи, како што вели, насилниот татко е на слобода. Снимката тогаш предизвика силни реакции во јавноста и беше повод за покренување постапка против 28-годишниот скопјанец.

Жената во објава на Фејсбук, жестоко ги критикува институциите, обвинувајќи ги дека не ги заштитиле неа и нејзините деца.

Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала дека не бил опасен по живот. А што е со нас?, напиша таа.

Поврзани вести