
Делегација од Академијата на науките и уметностите на Црна Гора (ЦАНУ) денеска беше во посета на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Во рамки на посетата, гостите од Црна Гора, академик Павле Пејовиќ, раководител на Галеријата на ЦАНУ и Веско Нинковиќ, кустос во Галеријата на ЦАНУ се сретнаа со претседателот на МАНУ, академик Живко Попов и академиците Влада Урошевиќ, Бајрам Газанфер и Александар Димовски. На средбата беше договорено изложбата на уметнички дела од македонски автори на покана на ЦАНУ да се реализира во септември, во Галеријата на Академијата на науките и уметностите на Црна Гора.
Изложбата е возвратна откако црногорската Академија успешно реализира гостување на ликовните уметници, членови на ЦАНУ под наслов Ad Infinitum во изложбениот простор на МАНУ во 2023 година.
МИА

Македонски

