Skip to main content

„Фајненшл тајмс“: САД немаат план што да прават со Иран по соборувањето на неговото раководство

Според „Фајненшл тајмс“, Белата куќа нема реалистичен план што да прави со Иран по уништувањето на неговото раководство. За разлика од инвазиите на Авганистан и Ирак, каде што САД барем се обидоа да воведат копнени трупи и да воспостават нова влада, сега американскиот претседел Доналд Трамп се надева на промена на режимот само со помош на авијацијата.

Според весникот, повиците на Трамп до Иранците да „ја земат власта во свои раце“ и до Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) да „го положат оружјето“ звучат убаво, но се сосема нереални. Проблемот е што ИРГЦ сега е бомбардирана од воздух, и ако нејзините војници одлучат да го положат оружјето, едноставно нема алтернативна влада или армија во Иран на која би можеле да се предадат.

Иранците, кои протестираат против исламскиот режим, сосема со право можат да се прашаат како да ја преземат власта. Трамп ги увери дека „кога ќе завршиме… власта ќе биде во ваши раце“. Сериозно?, коментира весникот.

Во анализата се додава оти се чини дека Американците се надеваат дека обезглавувањето на иранското раководство и уништувањето на воената моќ на Иран ќе доведат до некаков органски и спонтан премин кон нов политички систем – без понатамошно мешање на САД. Но, има малку причини да се верува дека ова ќе функционира“, пишува авторот.

Поврзани вести