
Јорданската армија денеска соопшти дека се справила со напади насочени кон нејзината територија, јави официјалната новинска агенција на Јордан.
„Воениот извор посочи дека 13 балистички ракети биле успешно пресретнати од јорданските системи за воздушна одбрана, додека дроновите биле соборени откако биле пресретнати“, се вели во извештајот.
Од пресретнувањето настанала материјална штета, но досега не се пријавени жртви, се додава во извештајот.

Македонски


