
Имаме одлична новина за сите патници!, информираат од ЈСП.
Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место.
Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом.
Што добивате со новата функционалност?
Онлајн надополнување со билети и/или средства
Брза постапка во неколку едноставни чекори
Нема редици и нема потреба од физичко присуство
Достапно од телефон или компјутер
Удобно решение за планирање на патувањата однапред
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за картичката
* Одберете дали сакате билети или износ (средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load

Македонски



