Skip to main content

Што се случува со Барселона?

Барселона синоќа загуби со 2:1 од Жирона во натпреварот на гости од 24. коло на шпанското првенство.

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Ламине Јамал, промаши пенал во 45+1. минута. Сепак гостите поведоа преку Пау Кубарси во 59.минута.

Стрелци за домаќините беа Томас Лемар (62. минута) и Фран Белтран (87. минута).

Напаѓачот на Жирона, Жоел Рока, беше исклучен во 90+9. минута.

Барселона го претрпе вториот пораз по ред. Тие се втори на табелата во Ла Лига со 58 бода по 24 натпревари, зад лидерот Реал Мадрид кој собра 60 бодови. Жирона ја прекина серијата од три натпревари без победа и се искачи на 12. место (29 бода по 24 натпревари

Поврзани вести