Skip to main content
ПРАШУВА ВМРО-ДПМНЕ

Kaко Филипче ја спремил, потпишал и одобрил техничката спецификација за модуларната болница во Тетово?

Што се однесува до техничката спецификација и она коешто било спроведувано во тој период, постојат јавни изјави од лица коишто се учесници во истата постапка. Она коешто го имаме како информација е дека за овој предмет има отворено и постапка во ЈО, и се надеваме дека ЈО ќе ја заврши својата работа, ќе ги открие сите недоследности, недостатоци и криминални дејанија и врз основа на фактите и доказите ќе донесе една правосилна судска пресуда којашто ќе ја задоволи правдата во Република Македонија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Што се однесува до функционирањето на Филипче како министер за здравство и она коешто тие го наведуваат, најпрвин добро е за јавноста да одговори како во времето на корона кризата во Република Македонија која што во тој период најслабо се справуваше со кризата и во кој период имаше десетици илјади жртви од короната, тој наместо да ја врши функцијата министер за здравство и да се грижи за граѓаните, се грижеше за тоа како да обезбеди провизија преку Стабри за набавка на вакцини против корона.


Така што, Филипче кога поставува прашања најпрвин треба да се погледне во огледало и да види што тој има сработено како функционер, како министер, а дури потоа да поставува нелогички, нереални, невистинити и популистички прашања.

Поврзани вести