
Во близина на скопското село Горно Количани биле пронајдени коски кои наликуваат на човечки, а во непосредна близина и парчиња облека, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во четвртокот во 16:49 часот во СВР Скопје, откако на локација позната како „Сулејманови ливади“, во атарот на селото Горно Количани, биле забележани посмртните останки.
На местото на настанот извршен е увид од страна на екипа на СВР Скопје, по што коските биле подигнати за понатамошна постапка и вештачење.
Од полицијата наведуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на околностите под кои настанал настанот.

Македонски



