Skip to main content

Од пролет планираме да преселиме голем дел од културните настани на скопското Кале, а понатаму тоа ќе се однесува и на Аквадуктот и на археолошкиот локалитет Скупи, вели Љутков

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во телевизиско гостување посочи дека културата летово ќе се пресели и на скопското Кале, а потоа и во Скупи и кај Аквадуктот.

Веќе од пролет планираме да преселиме голем дел од културните настани на скопското Кале, кое ќе биде отворено напролет, а понатаму тоа ќе се однесува и на Аквадуктот и на археолошкиот локалитет Скупи. Скопското Кале, кое е расчистено, е веќе во завршна фаза. Останува Град Скопје да одлучи како ќе го презентира. Во однос на Универзална сала, процесот тече, така што се прави евалуација на пристигнатите понуди за идниот изведувач и за стручниот надзор. Се надевам дека комисијата ќе донесе одлука за неколку дена. Во моментов чекаме одобрување за градба, а кога ќе заврши целата евалуација, ќе можеме да започнеме да градиме, бидејќи имаме издвоено средства во буџетот – истакнува министерот за култура и туризам, Зоран Љутков

Во однос на локалитетите во Скопје и непосредната близина, Љутков истакна дека, по долга запуштеност, веднаш е започнато со нивно расчистување и нивно опремување.

Приоритети ќе бидат скопското Кале, археолошкиот локалитет Скупи и Аквадуктот. Скопското Кале ќе биде отворено веќе напролет. Имаме одлична соработка со градоначалникот, па скопското Кале, кое е расчистено, е веќе во завршна фаза. Останува Град Скопје да одлучи како ќе го презентира. Од пролет планираме да преселиме голем дел од културните настани на скопското Кале, а понатаму тоа ќе се однесува и на Акведуктот и на археолошкиот локалитет Скупи – истакна министерот Љутков. 

Поврзани вести