
Во Драмски сè уште нема пристигнато драмски текст на конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ наменет за млади автори до 30 години, кој е отворен до 28 февруари. Лани не беше избран добитник на наградата и ако тоа се случи и оваа година, со одлука на Управниот одбор ќе ги променат пропозициите и веројатно ќе нема ограничување за возраста на авторот на текстот, вели директорот на Драмски, Роберт Вељановски.
Ако наградата не се доделува, не ја разбирам смислата за нејзиното постоење – рече Вељановски во врска со оваа награда, чиј добитник треба да биде соопштен во пресрет на 27 април – денот на раѓањето на Горан Стефановски.

Македонски



