Skip to main content

ДФРМ со поддршка на српските филмски работници: Ја препознаваме важноста на вашата борба за зачувување на уметничката автономија, професионалниот интегритет и достоинствените услови за работа

ДФРМ со поддршка на филмските работници во Србија: Ја препознаваме важноста на вашата борба за зачувување на уметничката автономија, професионалниот интегритет и достоинствените услови за работа

ДФРМ даде поддршка за иницијативата на српските филмски работници за итно деблокирање на тамошната кинематографија.

Поддршката следува откако неодамна на  Факѕлтетот за драмски уметности во Белград, се одржа собир, на кој 8 здруженија кои претставуваат над 1.000 филмски работници (Здружението на филмски режисери на Србија, Здружението на филмски продуценти на Србија, Здружението на филмски уметници на Србија итн.)  едногласно оценија дека домашниот филм е под целосна институционална блокада.

На собирот бил усвоен список на барања: итно прекинување на кршењата на законите на Република Србија вклучувајќи го Законот за кинематографија, Законот за култура и Законот за буџет, како и придружните уредби и правилници на Филмскиот центар на Србија; итно поднесување на транспарентен извештај за спроведувањето на буџетот на Филмскиот центар на Србија и Министерството за култура за 2025 година, со јасно објаснување што се случило со средствата наменети за натпревари, продукција и фестивали; итно објавување на тендери, како и разгледување и усвојување на предлогот на Правилникот за решавање на статусот на недовршените филмови и враќањето на средствата, на кој здруженијата работеа изминатата година.

Во таа насока ДФРМ, како професионална заедница изразува солидарност и ја поддржува нивната заложба за системски решенија.

Друштвото на филмските работници на Македонија изразува целосна поддршка за иницијативата и заедничките барања на филмските работници и стручните здруженија во Република Србија, насочени кон итна деблокада на кинематографијата и воспоставување транспарентен, правичен и законски систем за финансирање на филмската дејност.

Како професионална заедница која се соочува со слични структурни и институционални предизвици, ја препознаваме важноста на вашата борба за зачувување на уметничката автономија, професионалниот интегритет и достоинствените услови за работа во областа на филмот и аудио-визуелната култура.

Изразуваме солидарност со вашите напори и ја поддржуваме вашата заложба за системски решенија кои ќе обезбедат одржлив развој на националната кинематографија и слободно уметничко изразување, стои во писмото за поддршка од ДФРМ.

Поврзани вести