Страшна вест го погоди мото светот. Трагедија се случи на тренинг на големиот талент, седумгодишното момче Сид Вејер, кој падна од својот минимотор, а по неколкудневна борба им подлегна на повредите и почина.
Сид беше внук на Колин Вејер, кој во последните две години постигна две победи и вкупно 11 подиуми во категоријата Мото3, а оваа сезона се сели во Мото2.