Skip to main content

Перински: Шумските пожари се сè поголем предизвик во услови на климатски промени, а овој проект носи конкретни решенија за превенција, рана детекција и заштита на биодиверзитетот

Заедно со Љупчо Димовски, заменик претседателот на Владата за политички систем и Ангеле Сотировски, директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје “Јасен” – Скопје, направивме увид во активностите на проектот WILD-A – Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени, кој се спроведува во рамки на првиот повик на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, на пиша министерот Перински на својот фејсбук профил.

• Партнери во проектот од македонска страна: ЈП “Јасен” и Балканска фондација за одржлив развој

Вкупeн буџет за македонските корисници: 458.370 евра

• Национално кофинасирање од Министерство за локална самоуправа: 91.674 евра

Во областа Јасен, проектот дополнително ги зајакнува мерките за противпожарна заштита преку обезбедување:

– противпожарно возило со голем капацитет за вода,

– две теренски возила со интегрирани пумпи,

– возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата),

– оптички систем за надзор со долг дострел,

– како и опрема за мали инфраструктурни интервенции.

Шумските пожари се сè поголем предизвик во услови на климатски промени, а овој проект носи конкретни решенија за превенција, рана детекција и заштита на биодиверзитетот.

Поврзани вести