Skip to main content

Катерина Ацевска освои злато на Џенова Гран При во џиу-џицу

Фејсбук профил на клуб за боречки вештини Дан-Кју

Македонската натпреварувачка во џиу-џицу, Катерина Ацевска, оствари нов голем резултат на меѓународната сцена откако успеа да се закити со злато на престижниот Гранд при турнир во Џенова, Италија.

Ацевска во категоријата +70 кг кај сениорките со учинок од две победи успеа да го освои првото место.

Како најдобро рангиран борец во категоријата, во првото коло Македонката беше слободна, а во второто коло се соочи со Федерика Маца од Италија и ја совлада со Фул ипон, иако и во регуларниот дел беше 15:1.

Во финалето Ацевска се бореше против Каја Орзешовска од Полска, славеше со резултат 16:7 и така го освои златниот медал.

Со овие бодови таа се доближи до топ 3 во нејзината конкуренција.

Поврзани вести