Skip to main content

Со пари од промет си уплаќал тикети, кривична за вработен во спортска обложувалница

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.С.(35) од струшкото село Ложани, вработен во спортска обложувалница во селото Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 04.01.2026, тој со парите од дневниот промет уплаќал тикети по што заминал без да им предаде промет на колегите.

На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари.

Поврзани вести