Skip to main content

Бериша: Албанија не исполнува ниту еден услов да стане членка на ЕУ

Лидерот на Демократската партија (ДП) и поранешен шеф на државата и премиер, Сали Бериша го обвини премиерот Еди Рама дека го враќа интегративниот процес на Албанија во 1992 година. Според Бериша, Албанија апсолутно не исполнува ниту еден од условите на процесот за евроинтеграција.

– Денеска го изјавувам она што во последните две – три години десетици пати сум го кажал. Албанија апсолутно не исполнува ниту еден услов од процесот за евроинтеграција. Успесите на Албанија со Еди Рама се најголемата измама. Албанија го исполнува геостратешкиот услов, што е важен услов, рече Бериша.

Тој порача дека Демократската партија останува посветена на европската интеграција, но само врз основа на заслуги, гарантирајќи им на партнерите на земјата дека за ДП главна цел е интеграцијата на Албанија во ЕУ.

Бериша ги повика граѓаните на масовност на утрешниот, трет по ред, национален протест пред Владата во Тирана или како што го нарече „мирно востание“.

Поврзани вести