Skip to main content

Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, истрагата е во тек

Илустрација

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 08.02.2026 во 02:15 часот било пријавено дека се запалени патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Џ.И. (47) од Батинци, како и товарно возило „форд ренџер“ со скопски таблички, сопственост на правен субјект.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести